Може да ги јадете со сирење или пак слатки со некој убав домашен џем …
Потребно е:
3 јајца
2 лажици масло
1 лажиче шеќер
прстофат сол
300 мл млеко
250 гр брашно
Подготовка:
– Во еден сад изматете ги јајцата, солта, шеќерот и маслото.
– Додадете го млекото и повторно изматете.
– Потоа додадете го и брашното и убаво измешајте.
– Со лажица земајте од смесата и пржете ги во врело масло од двете страни додека да добијат убава боја.
– Испржените уштипци ставете ги на кујнска хартија за да се упие вишокот маснотија и послужете ги.