СДСМ: Груевски и неговите кадри да се појават на Надзорната расправа за поплавите, нема бегање!

Од:

„Власта нема да избегне одговорност за поплавите кои се случија на 6 август.

Денеска започнува Надзорната расправа во Собранието за поплавите и таму мора да се појават: Никола Груевски, Никола Тодоров, Коце Трајановски, Тони Трајковски, Михаил Цветков, Владо Мисајловски, Зоран Јолевски, Митко Чавков, Жарко Караџовски, Оливер Ромески, Шабан Салиу, Ромео Тренов, Сузана Салиу.

Сите овие лица на раководни позиции, на чело со Груевски кој ги постави и беше 10 години премиер и должат многу одговори на јавноста за последиците од поплавите што однесоа животи на бебиња, на деца, на невини луѓе и предизвикаа огромни материјални штети. Тоа го чекаат и граѓаните кои се уште не можат да си го вратат животот во нормала.

Со поплавите исплива на виделина неодговорноста и неспособноста на власта.

Обвинетиот Груевски и неговите кадри мора да дадат одговори за катастрофата!

И одговорност ќе има“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа