Соботка: Турција мора да ги исполни условите за да и се укинат визите

Од:

Чешка ќе настојува пред да добие визна либерализација, Турција да ги исполни условите, како што беше договорено со земјите на Европската унија во врска со мигрантското прашање, изјави денеска чешкиот премиер Бохуслав Соботка одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

Истовремено, како што јави дописникот на МИА од Прага, Соботка повтори дека Турција, според него, сега се одалечува од тој договор и ја нарече „проблематична земја“. 

– Чешка може да изрази несогласување и има можност да побара потребни информации во случај да постои сомневање дека условите навистина се исполнети, додаде Соботка, нагласувајќи дека Договорот на ЕУ со Турвија водел кон ограничување на миграцијата од земјата во Европа.

Тој додаде дека додека лани во август турско-грчката граница ја минаа над 100.000 луѓе, годинава тоа го сториле 2.800 лица.

Соботка објасни дека договорот бил потребен и делувал превентивно, бидејќи не функционирал стандардниот процес за враќање на мигрантите, кои немаат право на азил. враќање.

Би можело да ве интересира

Соботка под истрага поради партиско назначување на заменик директор на покраинска полиција

А1он

Пендаровски-Соботка: Безрезервна австриска поддршка за европската перспектива на земјава

А1он

Средба Заев – Соботка: Австрија го препознава напредокот на Северна Македонија и останува нејзин силен поддржувач

А1он

Мицкоски му се пожали на Соботка дека стандардот на граѓаните е во континуиран пад и дека владата не може да обезбеди раст

Наум Локоски

Соботка: Ревизијата на чешкиот безбедносен систем главно со позитивни резултати

Емир Латифовиќ

Чешката Влада ќе се погрижи за своите граѓани во Турција

Емир Латифовиќ