• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО тргна против верниците

by А1он15/09/2016 - 15:5491
Share0

Откако Специјалното јавно обвинителство, објави дека поднесува две обвиненија по случаи кои произлегуваат од прислушуваните материјали и тоа за случувањата во Општина Центар при протестот за изградба на црква и за самото прислушување, владејачката ВМРО-ДПМНЕ смета дека обвинителките тргнале против верниците.

Добивај вести на вибер

„Обвинителката Фатиме Фетаи тргна отворено против сите граѓани кои одлучија да излезат на протест против спречување на изградба на црквата во Општина Центар, откако и претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани Веритас се спротиставија на намерите на Андреј Жерновски и советниците на СДСМ да не дозволат да се гради Црквата Свети Константин и Елена. Обвинителката Фатиме Фетаи реши да тргне против верниците кои имаат уставно загарантирано право на протест и имаат право да го изразат сопственото негодување со политиките на Жерновски и СДСМ, само заради тоа што предизвикале материјална штета од 20 евра. Фатиме Фетаи и Катица Јанева ги игнорираат штетите од милиони евра предизвикани од вандалите на платеничката револуција“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаат дека Фатиме Фетаи и Катица Јанева ги игнорираат повиците на „аболицираниот криминалец Зоран Заев и Радмила Шекеринска“ и нивната поддршка во палењето, демолирањето, ограбувањето и уништувањето на институции и културно историски споменици при вандалското однесување на членовите на платеничката револуција.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Фатиме Фетаи и Катица Јанева имаат само една цел, и тоа се обидуваат неосновано да го оцрнуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ само заради тоа што било и ќе биде на страна на народот.

dpmne

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен