Силниот земјотрес во Јужна Кореја предизвика стравување за нејзината нуклеарна безбедност

Од:

Двата земјотреса, кои синоќа ја погодија Јужна Кореја, од кои едниот беше најсилен во досегашната историја на земјата, предизвикаа стравувања за безбедноста на нуклеарните реактори, сместени во југоисточниот дел на земјата.

Корејската метеоролошка агенција соопшти дека двата земјотреса со интензитет од 5,1 и 5,8 степени според Рихтеровата скала биле со епицентар во близина на градот Конџу. Тие биле почувствувани во главниот град Сеул.

– Четиринаесет лица беа повредени, но нема податоци за сериозни материјални штети, изјави претставник на Министерството за јавна безбедност.

И покрај тоа „Кореја хајдро енд нуклеар пауер“ ги затвори четирите реактори на нуклерката „Волсон“, како мерка за претпазливост.

Јужнокорејските нуклеарни реактори е предвидено да издржат земјотреси со интензитет од 6,5 или седум степени според податоците на Комисијата за нуклеарна безбедност на земјата.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски