Совршено …
Потребно е:
600 гр исчистени сливи
1 лажиче цимет
1 ванилин шеќер
70 гр брашно
60 гр крупни мелени лешници
50 гр крупно мелени ореви
100 гр шеќер
100 гр ладен путер исечен на коцки
5 лажици исецкани бадеми или лешници на листови
Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 175 целзиусови степени.
– Огноотпорните садови во кои ќе го печете колачот премачкајте ги со путер. Потоа посипете со по 1 лажичка брашно.
– Измијте ги сливите, извадете им ги семките и исечете ги на помали парчиња.
– Во еден сад ставете ги путерот, брашното, мелените ореви и лешници, шеќр, цимет и ванилин шеќер и со раце замесете ронливо тесто.
– Во садовите прво ставете по еден слој сливи, одозгора ставете еден слој од ронливото тесто и на крај посипете со на листови исецканите бадеми или лешници.
– Ставете да се печат во загреаната рерна 40-45 минути додека тестото добие убава златна боја.
– Оставете да се излади, посипете со шеќер во прав и послужете. По желба може да го послужите со изматена слатка павлака или сладолед од ванила.