Идеална салата за ручек или лесна вечера …
Потребно е:
350 гр житарки по избор (јачмен, овес, киноа, амарант, …)
100 гр смрзната пченка
100 гр смрзната соја
1/2 помала главица брокула
5-6 топчиња прокељ
3 лажици маслиново масло
сок и изрендана кора од 1 лимон
морска сол
свежо мелен бибер
2 млади кромидчиња
2 полни лажици ситно сецкан свеж магдонос
сецкано свежо нане, по вкус
сецкан свеж босилек, по вкус
1 мало луто пиперче
печено пилешко бело месо
Подготовка:
– Сварете ги житариците според упатсвото на пакувањето. За оваа салата може да користите и повеќе видови на житарици. По желба во оваа салата може да додадете и сварена леќа, леблебија, грав. Различните видови житарици варете ги посебно.
– Во сварените и исцедени житарици додадете 3 лажици маслиново масло, сок и изрендана кора од лимон.
– Додека се варат житариците сварете ги и пченката и сојата. Неколку минути пред крај на варењето додадете ги прокељот, исечен на четвртини и брокулата, која претходно сте ја измиле и искинале на помали цветчиња. Исцедете ги од водата и додадете ги кај житариците.
– Додадете бибер и сол, по вкус, ситно сецканите зачински билки, кромидот ситно исецкан, ситно сецканата пиперка. Убаво измешајте.
– На крај во салата додадете го и печеното пилешко месо исечено на парчиња и послужете ја.