Новиот буџет на ЕУ предвидува повеќе пари за мигрантите, помалку за сиромашните региони

Од:

Предлогот на Европската комисија за зголемување на фондовите наменети за решавање на мигрантската криза во буџетот за 2017 година доби поддршка од европските влади.

Тоа значи дека во однос на претходната година за 25 отсто се зголемуваат средствата за миграција и безбедност. Буџетот за миграција, заедно со трошоците за јакнење на надворешните граници на ЕУ, преселувањето на азилантите и интеграција на мигрантите ќе изнесува 5,2 милијарди евра, а уште 2,2 милијарди евра се наменети за активности надвор од ЕУ и насочени кон причините на мигрантската криза.

Европските влади исто така го поддржаа зголемувањето за девет отсто на проектите наменети за раст и создавање работни места, кои сега ќе достигнат 19 милијарди евра.

Со цел ова да го компензира ЕУ се согласи да намали некои други трошоци, пред се оние наменети на помалку развиените региони на ЕУ, кои ќе останат „покуси“ за 24 отсто.

Се на се договорено е буџетот на ЕУ во 2017 година да биде помал – 133,8 милијарди евра, што е за седум отсто помалку во однос на претходните.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел