Земјотрес од 5,8 степени ја погоди Јужна Кореја

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот дел на Јужна Кореја, јави Јонхап.

Како што соопшти Јужнокорејската метеоролошка агенција, епицентарот на потресот, што се случил во 20:35 часот по локално време (13:35 по средноевропско време), бил во реонот на Геонгџи, на 371 километар југоисточно од Сеул.

Педесетина минути пред овој земјотрес, во истиот регион бил регистриран потрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер, со епицентар на девет километри јужно од Геонгџи.

Јужнокорејското Министерство за јавна безбедност соопшти дека засега нема информации за сериозни оштетувања или за повредени лица.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски