(ВИДЕО) Царовска: Сиромашните ќе добијат повисока социјална помош и ќе плаќаат помали даноци!

Од:

„Денеска сме во с.Црник, општина Пехчево. Тука живеат 800 жители. ¾ од нив се во социјален ризик. Примаат социјална парична помош, но таа е далеку од нивото потребно за живеачка. Тука сме да ги поддржиме најранливите, да им порачаме дека по промените тие први ќе бидат заштитени, поради тоа што секој човек ни е важен. Поради тоа што секој има право на повеќе од корка леб во Македонија.

Воведуваме програма за извлекување од сиромаштија. Секое четиричлено домаќинство кое што е во социјален ризик ќе добие 12000 денари. Ова програма ја воведуваме во три фази почнувајќи од 2017 година. Ќе ги намалиме даноците и за најсиромашните, зашто така е праведно. На овој начин ќе направиме постојано да се намалува бројот на семејства коишто не може да си го затоплат домот, коишто не може да ги платат трошоците на своите деца и коишто не може да обезбедат здрав оброк со месо за своето семејство“, рече Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика, во с.Црник.

„Нема да дозволиме област како с.Црник којашто изобилува со пасишта и шуми, каде што има одлична можност за развој на сточарство и земјоделие, да нема услови за откуп на сирење, млеко, јагниња и сливи.

Доаѓа време на заштита и подобар и поквалитетен живот за најранливите“, изјави Царовска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски