За сите љубители на тестенини …
Потребно е:
200 гр блитва
500 гр козјо сирење
1 чешне лук
прстофат морско оревче
200 гр канелони
50 гр изрендан пармезан
500 мл павлака за готвење
сол, бибер
неколку листови свеж босилек
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.
– Блитвата кратко бланширајте ја во солена вода. Исцедете ја, исецкајте ја и додадете го издробеното козјо сирење.
– Додадете ги изренданото морско оревче, издробениот лук и сецканиот босилек.
– Наполнете ги канелоните со подготвената смеса и наредете ги во намастена керамичка тава. Прелијте ги со павлаката за готвење која претходно сте ја посипале со сол и бибер по вкус. На крај посипете и со ренданиот пармезан.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 45 минути.