ФОТО: Расцвета најголемиот цвет во светот

Од:

Во Базел во Швајцарија расцвета најголемиот цвет во светот. Ова огромно растение е високо 2,27 метри и цвета само во текот на неколку дена на неколку години.

Титан Арум, по потекло од џунглите во Суматра, не е само најголемото цвеќе во светот, туку и цвеќе со најлош мирис. Растението испушта мирис кој потсетува на мирисот на месо кое скапува.

Во оваа ботаничка градина, во последните 18 месеци расцветале два вакви цвета. Пред тоа, единствен забележан случај на цветање на ова растение во Швајцарија се случило во 1936 година.

Целиот процес на цветење го следеа голем број камери. На оние кои не им сметала миризбата која ја создава растението дојдоа во ботаничката градина за да го гледаат цветењето.

Во април 2011 година кога оваа билка исто така цвета, ботаничката градина ја посетија повеќе од 25.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска