Заев организираше прием за алпинистката Билјана Серафимовска

Од:

Алпинистката Билјана Серафимовска која неодамна, како членка на десетчлена меѓународна алпинистичка експедиција го искачи највисокиот африкански врв (5895 метри) на Килиманџаро, денеска, беше примена во општина Струмица од страна на градоначалникот Зоран Заев.

На приемот, градоначалникот Заев и го честита на Серафимовска спортскиот подвиг потенцирајќи дека таа е гордост на Струмица и истакнувајќи го неговото задоволство и задоволството на општина Струмица што цели десет години, континуирано го поддржуваат нејзиниот растеж во алпинизмот и освојувањето на планинските врвови во Европа и светот.

Серафимовска ги сподели со градоначалникот Заев нејзините искуства од освојувањето на Килиманџаро и изрази благодарност за повеќегодишната поддршка од Градоначалникот и Општината, истакнувајќи дека нејзиниот успех е успех и на Струмица.

Во знак на благодарност за поддршката, Серафимовска му подари на градоначалникот Заев уметничка слика од Африка со претставени белези од животот на црниот континент и мотив од Килиманџаро.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски