Заев прими делегација на ФКТ ,,Ристо Шишков‘‘

Од:

Градоначалникот Зоран Заев денес прими делегација од Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков‘‘ предводена од директорот на фестивалот Ване Ристов Патриков и селекторот Благоја Стефановски, а во која уште беа и првата сопруга и ќерката на Ристо Шишков, Зорица Пуровска Велевска и Јана Шишкова, како и гости – учесници на фестивалот од Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

Посакувајќи им добредојде на гостите и запознавајќи ги со спецификите на општината, градоначалникот Заев го изрази задоволството од успешниот тек на 24. издание на ФКТ ,,Ристо Шишков‘‘ и неговиот оптимизам за понатамошен растеж на оваа манифестација.

Гостите на приемот, не криејќи го задоволството од учеството на фестивалот и престојот во Струмица, не ја пропуштија можноста да изразат комплименти за успешното фестивалско издание и за заложбите што општина Струмица и градоначалникот Заев ги прават за континуиран напредок на овој меѓународен театарски фестивал посветен на актерот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски