Можеби на прв поглед не остава впечаток на ексклузивен часовник, но новиот „Глобер Платинум“ од познатата компанија „Омега“ го посакувааат сите на Вол Стрит.
За почеток треба да се нагласи дека е единствениот во светот кој поседува „Master Chronometer“ сертификат, а со цената која надминува 44.000 долари стана симбол за престиж во деловниот свет.
Ова ремек дело е направено рачно во посебна верзија од само 352 примерока.
Основата на овој преубав часовник е изработена од платина и бело злато, додека синото ремче е направено од кожа на алигатор.