Параолимписки игри: Каранфилов не успеа да се пласира во финалето

Од:

Вториот македонски преставник на Параолимписките игри во Рио, Ванчо Каранфилов не успеа да се пласира во финалето во дисциплината воздушен пиштол 10 метри. Тој во конкуренција на 32 натпреварувачи го освои 16. место со 556 кругови. За пласман во финалето му беа потребни 560 кругови.

Каранфилов ќе настапи во уште две дисциплини: воздушен пиштол 25 метри и воздушен пиштол 50 метри.
Оливера Наковска – Бикова денеска во финалето во истата дисциплина кај жените го освои седмото место, а таа го бранеше златниот медал од Лондон од пред четири години.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ