Наковска – Бикова го освои седмото место во финалето

Од:

Шампионката од Лондон, Оливера Наковска – Бикова го освои седмото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол 10 метри на Параолимписките игри во Рио. Таа во финалето слаба „стрелба“ имаше во четвртата серија по што беше елиминирана, а заврши со 92.8 кругови. Инаку, Наковска – Бикова во финалето се пласира како трета vво квалификациите.

Златниот медал со олимписките рекорд на Игрите го освои Алиех Џаванимардидодмани од Иран со 193.4 кругови. Второто место и припадна на Олга Ковалчук од Украина, додека бронзата и припадна на Ајсегул Пехливанлар од Турција.

Вечерва свој настап во квалификациите ќе има и вториот македонски претставник на Параолимписките игри Ванчо Каранфилов во дисциплината воздушен пиштол 10 метри. Каранфилов е освојувач на сребро од Атина 2004 година.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ