Македонската претставничка на Параолимписките игри во Рио, Оливера Наковска – Бикова успешно ги мина квалификациите и се пласира во финалето во дисциплината воздушен пиштол 10 метри. Во конкуренција на 19 натпреварувачки Наковска – Бикова е трето рангирана со 374 кругови или два помалку од водечките две натпреварувачки.
Во финалето на стрелиштето ќе бидат осумте први од квалификациите. Борбата за медали ќе стартува во 16:45 часот по македонско време.
Наковска – Бикова е актуелна олимписка шампионка во оваа дисциплина од Параолимписките игри во Лондон.