(ВИДЕО) СДСМ Штип: По демократските промени, инфраструктурата во цела источна Македонија ќе биде обновена

Од:

„Десетгодишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ резултира со урнисани патишта, а инвестициите во патната инфраструктура се незначајни. Тоа го потврди и Европската унија која дури 39% проценти од патиштата ги оцени како лоши и небезбедни.

Бројот на жртви по патиштата во текот на 2016 година го потврдува ова. Катастрофалната состојба на патишта во државата во првите 7 месеци придонесува бројот на сообраќајни незгоди да биде поголем од 1.800, со дури  90 жртви“, рече Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

„Нема нови квалитетни и безбедни патишта но затоа има споменици, галии и панорамски тркала во Скопје. Провизиите се единствениот интерес на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ цели 10 години ветува дека ќе започне изградбата на патниот правец кон Кочани и Радовиш. Изградбата се уште не е започната. Дополнително, одроните и дупките на патот кон Делчево и границата со Бугарија се секојдневие. При најмали врнежи овој пат станува непрооден.

По демократските промени, за новата власт предводена од СДСМ приоритет ќе бидат нови и безбедни патишта од коишто бенефит ќе имаат сите граѓани.

Инфраструктурата во цела источна Македонија ќе биде обновена, а ќе бидат изградени и патните правци Штип-Кочани, Кочани-Делчево, Штип–Радовиш како и патот кон Пробиштип. Во Штип конечно ќе се изгради брана на река Отиња, наместо  импровизирани мини брани. Ќе инвестираме во изградба на мост на река Брегалница, којшто целосно ќе го растерети сообраќајниот метеж.

На 11 декември на Македонија ќе и се случат промените!

Нашиот мотив се граѓаните, нивната безбедност и сигурност. Нашиот мотив е Македонија“, изјави Бочварски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски