Автомобил бомба експлодираше во близина на либиското Министерство за надворешни работи во центарот на Триполи, јави БТА.
Нема извештаи за повредени.
На фотографии, поставени на Интернет, се гледа изгорен автомобил и негови делови расфрлени низ улицата.
Информацијата за експлозијата не може веднаш да биде потврдена, наведуваат западните агенции.