Илјадиници евра трошеле поранешниот претседателот на СПУКМ, Кирил Спировски и членовите на Студентскиот парламент за авионски билети, телефонски сметки, забави и плати, стои во извештајот кој го објави Студентскиот пленум.
Средствата на СПУКМ се во најголем дел од студентите, а добиваат пари и од буџетот на државата, од универзитетот и од донации.
Студентскиот лидер со поминат мандар, Кирил Спировски во 2014/2015 година располагал со буџет од 2.650.000 денари, од кои 136.676 денари се потрошени за Спировски.
Најголеми трошоци се направени на авионските билети, кои речиси сегоаш се со истата траса, а направени се и огромни сметки за мобилен телефон.
Плата земал и потрпетседателот на СПУК, кој според Студентскиот пленум е фиктивно лице, бидејќи никој во тој период не ја носел таа функција.
– Според извештаите, 181 000 денари биле потрошени за матичните факултети. Проблемот е што не знаеме на кој начин биле трошени парите. Понатаму, видовме дека телефонските сметки потрошиле 342 250 денари. Она што е многу интересно е дека во еден наврат 62 000 биле потрошени само за една телефонска сметка. Дополнително, имаме информации дека за авионски билети, за само девет лица, биле потрошени 263 000 денари. Патувале во Израел, Москва, Ерменија, Латвија, за семинар, академија, средба и студентска посета. Би сакале да напоменеме дека ова несолидарно трошење на парите, може да бидат потрошени за други студентски потреби, и е една од причините зошто Студентски пленум се бори против оваа неодговорно, криминално тело, рече Теодора Столевска од Студентскиот пленум.