Музејот на македонската борба ќе одбележи пет години постоење

Од:

Музејот на македонската борба за државност и самостојност денеска организира свеченост со која ќе одбележи пет години од постоењето.

Над 200.000 домашни и странски посетители од околу 80 земји биле во Музејот од септември 2011 година, кога оваа национална установа беше отворена за 20-те години независност на Република Македонија. Секоја година Музејот го посетуваат по околу 50 високи државни делегации, а годишно во него се одржуваат меѓу 150 и 200 настани, од кои триесетина се во негова организација.

Во петте години постоење Музејот стана и полноправна членка во меѓународни асоцијации, воспостави соработка со сродни институции и доби две високи интернационални признанија – специјална награда „Жива“ од Форумот на словенските култури и награда од Европската музејска академија. Во 2017 година Музејот на македонската борба ќе биде домаќин на доделувањето на наградата за најдобар музеј „Микелети“ (Micheletti) што ја доделува Европската музејска академија.

На вкупна површина од 2.500 метри квадратни, преку изложени експонати, слики на значајни настани и личности и нивни восочни фигури, како и преку живи сцени кои го доловуваат амбиентот, во Музејот е прикажана македонската историја од почетокот на 19-ти до крајот на 20 век.

По повод малиот јубилеј, Музејот на македонската борба денеска ќе промовира брошура, ќе ја претстави редизајнираната веб-страница и ќе информира за настаните што ќе ги организира до крајот на годинава.

На свеченоста ќе има и македонски изворни песни кои секој петок се изведуваат во музејската поставка од ученици на Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски-Луј“.

Директорот на Музејот Бранислав Светозаревиќ изјави дека свеченоста ќе биде поскромно организирана зашто одлучиле дел од средствата да бидат наменети за помош на населението од поплавените во Скопско и во Тетовско.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска