Интересен начин на подготовка на пита со месо …
Потребно е:
500 гр кори за пита
600 гр мешано мелено месо
1 главица кромид
малку масло
сол, бибер
за преливот:
200 мл кисела павлака
100 мл млеко
2 јајца
1/2 кесичка прашок за пециво
малку сол
масло, за премачкување на корите
Подготовка:
– Кромидот ситно исецкајте го и пропжете го на малку масло.
– Додадете го меленото месо и продолжете да го пржите додека да порумени. по вкус зачинете го со сол и бибер.
– Земете една кора и премачкајте ја со масло. Распоредете по неа малку месо, завиткајте ја и потоа замотајте ја во круг. На истиот начин подгответе ги и другите кори.
– Полжавчињата наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Посебно подгответе го преливот. Изматете ги павлаката, млекото, јајцата, прашокот за пециво и малку сол.
– Полжавчињата прелијте ги со подготвениот прелив и ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека да поруменат.
– Уште топлите полжавчиња извадете ги од тавата, оставете малку да се изладат и послужете ги.