Чоколадна фантазија …
Потребно е:
300 гр остро брашно
20 гр какао во прав
50 гр шеќер
75 гр ладен путер
1 лажица кисела павлака
100 гр растопено црно чоколадо
1 јајце
за чоколадниот крем:
150 гр путер
70 гр шеќер
3 жолчки
1 лажица екстракт од ванила
100 гр растопено чоколадо
10-тина преполовени црни сливи
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.
– Во еден поголем сад измешајте ги брашното, какаото во прав, шеќерот и путерот и изматете малку со миксер.
– Потоа додадете ги киселата павлака, јајцето и растопеното чоколадо. Замесете тесто. Тестото не треба да се лепи на прсти и затоа додавајте брашно по потреба. Тестото треба да биде меко и еластично.
– Обликувајте го како топка, замотајте го во пластична фолија и ставете го во фрижидер околу 30 минути.
– За тоа време подгответе го чоколадниот крем. Во еден сад измешајте ги сите состојки за кремот и изматете додека не добиете хомогена смеса.
– Тестото со сукало раширете го со големина и облик на калапот во кој ќе го печете. Ставете го во намастениот калап и избоцкајте го со вилушка на неколку места.
– Ставете да се пече во загреана рерна околу 15 минути.
– Оставете го да се излади 10-тина минути, сипете го кремот и наредете ги половинките сливи. Повторно вратете го калапот во рерна и допечете го колачот уште околу 35 минути.