Јонхап – Сеул
Речиси половина век, еден врвен ресторан во Сеул служеше комплетни оброци во одвоени простории за бизнис средби, но сега сопственикот Парк Јанг-кју го менува менито заради антикорупцискиот закон кој стапува во сила овој месец.
Сеон Чеон, кој бил отворен во туристичкиот дел на Инсадонг на почетокото на 1969 година, е еден од традиционалните корејски ресторани во северен Сеул кого најчесто го јпосетуваат политичари, владини службеници, новинари и бизисмени. Специјалитетот на куќата чини 49,500 вони (45 долари), што е многу повеќе отколку максималната цена од 30,000 вони за оброк наменет за луѓе од целната категорија спортед антикорупцискиот закон кој стапува во сила на 28 септември годинава.
– Бевме горди што им овозможувавме на муштериите квалитетна храна и приватен простор за разговор. Во изминатата деценија, создадовме еден оригинален врвен комплетен оброк. Затоа беше тешка одлуката да смениме една традиција која трае цела деценија за да се придржуваме кон плафонот во новиот закон, рече сопственикот на Сеон чеон за агенцијата Јонхап.
Промената во менито ќе им овозможи на муштериите да добијат оброк за 12,000 вони и уште еден или два оброци кои не ја надминуваат максималната цена. Но контролата на квалитетот ќе биде голем предизвик заради големата конкуренција, повисоката цена на трудот и трошоците за состојките, рече 85-годишниот сопственик.
И во Чамсутгол исто брзаат да се прилагодат на законот затоа што повеќето од половината нивни муштерии доаѓаат во нивниот корејски ресторан каде се служи говедско месо за бизнис средби. Повеќемината плаќаат со компаниски картички.
– Од октомври очекуваме нагол пад затоа што повеќето од нашите корејски оброци со говедско месо (кое тука се нарекува ханву) чинат 50,000 вони и повеќе. размислуваме да користиме увозно говедско месо за да го почитуваме плафонот за цени, рече генералниот менаџер во Чамсутгол, Ким ги-бок.
Сеон Чеон и Чамсутгол се дел од многуте врвни ресторани во Сеул – посебно специјализирани за традиционална корејска храна, за јапонско суши и за кинески јадења – кои страдаат од падот во посетеноста заради продолжената економска криза која трае од 2008 година, и сега се соочуваат со нова пречка: таканречениот Закон Ким Јанг-ран, именуван според поранешниот шеф на Комисијата за антикорупција и граѓански права.
За да ја ограничат длабоковкоренетата традиција на претерана широкоградост, контроверзниот закон за кој се дебатира уште од 2011 година, наметнува строги ограничувања на бесплатни оброци и друг вид на подароци кои можат да ги профатат владините службеници, новинарите па дури и наставниците во приватни училишта. Максималната вредност на подарок кој вработен во јавниот сектор може да го прими е ограничена на 50,000 вони, а подароци во кеш на настани како свадби и погреби не смее да надмине 100,000 вони. Но многумина се загрижени заради ефектите од овој антикорупциски закон кој ќе ги има врз четвртата економија во големина во Азија.
Изразувајќи длабока загриженост дека законот серизоно ќе ја намали потрошувачката, од Асоцијацијата на корејската прехранбена услужна индустрија рекоа дека законот само во првата година од спроведувањето може да намали дури 4,15 трилиони вони во приходи на рестораните.
Ако се земат предвид секторите како голф, големопродажба и потрошувачки добра, тогаш се проценува дека вкупните загуби ќе достигнат до 13 трилиони вони, велат од асоцијацијата.
– Максималната цена од 30,000 вони воопшто нема смисол. Во 2013 година, исто беше пропорашано ограничување на максималната цена на оброци за јавните службеници. Со оглед на инфлацијата и растот кој таа го предизвикува, повеќе смисол ќе има ако границата биде поставена на 50,000 вони, за да се поддржи тетеравата економија, рече Мин Санг-хун, потпретседател на асоцијацијата.
Со границата од 30,000 вони, секој четврти од 10 ресторани се очекува да пријави пад во продажбата. Со плафонот од 50,000 вони секој втор од 10 ресторани ќе има пад во приходите. Според видот на ресторани, најкревки ќе бидат рестораните кои нудат корејска храна и суши, уште од самиот почеток на примената на законот, велат од асоцијацијата.
-Притисокот врз цените ќе резултира со пад во квалитетот на храната, рече Мин.
Помеѓу рестораните кои брзо реагираат на новиот закон се и Ју Џеонг и Јеонг Џеонг, два кои служат корејска традиционална храна и кои често биле посетувани од сега починатиот претседател Парк Јунг-хи, од пораншениот претседател Ли Мјунг-бак, од политичари, бизнисмени и новинари.
– Имавме загуби во приходите во последниве години откако многу јавни лица се преселија во новата административна перстолнина Сеџонг сити. Антикорупцискиот закон ќе биде последниот удар врз нашиот бизнис, навистина. Затоа одлучивме да го смениме видот на храната која ја продаваме тука во Виетнамски јуфки од ориз, вели Сон Џеонг-ах, 68-годишен сопственик кој го наследил ресторанот од неговата тетка и го води Ју Јеонг веќе 40 годии.
Продавницата за јуфки од ориз ќе ја води неговиот син од крајот на месецов, со оброци и состојки на енито кои ќе чинат околу 10,000 вони.
Претставник од ресторанот Јеон Џеонг рече дека се чини дека немаат друга опција отколку целосно да го сменат менито со ново, со цени под 30,000 вони за да ги задржат досегашните муштерии и да привлечат нови. Соочени со се поголемата загриженост дека ограничувањата за размена на подароци може да ја повлече надолу и целата потрошувачка на земјоделски производи, законодавците лобираат за чекор да се подигне границата за оброци на 50,000, и на подароци на 100,000 вони, од сегашните 30,000 и 500,000 вони.
Во меѓувреме, големите компании подготвуваат упатства за да се справат со сите можни случаи поврзани со антикорупцискиот закон. Претставници од одделите за односи со јавноста во компаниите се со помешани ставови околу спроведувањето на законот. Некои велат дека ќе биде пробно спроведуван и дека ќе има грешки пред неговата целосна примена. Други пак велат дека законот ќе биде подложен на исправки заради големото јавно спротивставување.
Од групацијата Самсунг велат дека нивниот правен тим ќе направи компаниски прирачник за да ги обучи директорите и вработените пред законот да стапи во сила. Од ЛГ груп, пак, велат дека исто планираат да направат упатства на основа на препораките кои ќе ги објави Комисијата за антикорупција и граѓански права.