Професорката Најчевска ги тужи сите членови на ДИК зашто ја избришале од избирачкиот список

Од:

Професорката и експерт за човекови права, Мирјана Најчевска ги тужи сите членови на Државната изборна комисија заради, како што вели, нејзиното противуставно бришење од Избирачкиот список, односно е вброена меѓу фантомските гласачи. Таа ги тужи членовите на ДИК за крвичното дело – Повреда на избирачко право.

„Кривичната пријава ја поднесувам заради тоа што сум противуставно и противзаконски избришана од Избирачкиот список на Република Македонија од страна на членовите на Државната изборна комисија, со што тие ја злоупотеебиле својата положба“, пишува Најчевска на својот блог

На својот блог „Квадратура на кругот“ Најчевска изнесува и аргументи за основаност на кривичната тужба против Александар Чичаковски, претседателот на ДИК и сите членови на комисијата.

Името на Најчевска, заедно со уште неколку познати во јавноста личности, како Сушанто Рој, синот на контроверзниот Субрата Рој, се најде во списокот на спорни гласачи кои требаше да се пријават во ДИК, за да го докажат своето постоење. Веднаш по објавувањето на електронскиот список на спорни гласачи, Најчевска изјави дека нема намера да се пријавува во ДИК.

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино