Судството предизборно се екипира? Избрани 28 судии

Од:

Судскиот совет на денешната седница избра 28 судии во сите степени на судството, пополнувајќи ги огласите кои беа потворени во 2015 година, а до сега не беа пополнети без објаснување, објави Сведок.
Тоа што се избираат судии кога веќе се најавени изборите за 11 декември, за претседтелот на Судскиот совет Зоран Караџоски не е никаква пречка бидејќи судската власт е самостојна и не зависи од политичките процеси.

„Јас сум против укажувањата и на Антикорупциската комисија да не се вршат избори на судии во време на распишани избори во земјата, бидејќи судството е независно и од тука, денешниот избор го сметам за целосно легитимен“, изјави Караџоски.

На оваа седница се избираа судии од направени ранг листи и добиени поени според резултатите од работата, направените тестови за интегритет, психолошкиот тест и интервјуто. Овој избор е направен по области, па на самите огласи се знаеше какви судии се бараат по области: кривично, граѓанско, трговски, работни или друга материја.

Сепак, колку и да изгледаше дека работата е по закон, како што пишува Сведок, веднаш се виде дека се оди да се згрижат заслужни судии, како што се претседтели на судови, кои и покрај тоа што не работат на предмети, добија највисоки оценки и беа унапредени, како што се случаите со претседтелите на Апелациониот суд во Штип и Основниот суд во Тетово или неколку годишниот вд претседтел на скопска двојка.

Претседателот на штипска апелација Стојанче Рибарев е избран за судија во Врховен суд и ќе работи на граѓанска област. Во Врховен, избрани се и Снежана Бајлозова и Надица Андреева од Апелациониот суд Скопје, како и Рахилка Стојковска од Управниот суд (иако се бараа специјалисти од граѓанско).

Бајлозова која на времето ги судеше предметите за демолирањето на дискотеката „Процес“ или Агим Красниќи, во Врховен ќе суди граѓанско. Нејзиното име се споменува во опозициските бомби, каде што екс директорот на УБК Сашо Мијалков и младата судијка Сафија Лаличиќ договараат како да и помогнат на сестрата на Снежана Бајлозова, Виолета Арнаудовска да стане судијка. Арнаудовска сега е судијка на скопска двојка, објави Сведок.

Би можело да ве интересира

Бектовиќ: Судскиот совет е под мониторинг на меѓународната и експертската јавност

Горан Наумовски

Судијата Нанев не дојде на седница на Судскиот совет, на дневен ред беше неговата одговорност

Горан Наумовски

Судскиот совет ги усвои извештаите за предметите за притворот на Рамадани и спогодбите на Георгиев и Мемети

Џенета Бектовиќ избрана за нов член на Судски совет од редот на судиите припадници на заедниците

Судскиот совет: Ќе има огласи за избор на претседатели на основните судови во седум градови

Ќе се сретнат Мицкоски и претседателката на Судски совет Дамева

Катерина Ѓуровски