Возачот на Мерцедес Нико Розберг го освои првото место на трката за Големата награда на Иатлија што се возеше денеска на патеката Монца. Шампионот Луис Хамилтон имаше лош старт и ја загуби пол позицијата и се најде на шестото место, а тоа го искористи Розберг. Хамилтон сепак успеа да ги мине Даниел Рикардо и Валтери Ботас, а потоа со подобрата тактика со промена на гумите ги мина и два болида на Ферари и на крајот заврши на втората позиција. Третото место го освои Себастијан Фетел од Ферари.
За Розберг ова беше седма победа сезонава или 21.ва во кариерата и воедно негов прв триумф во Монца. Од актуелните возачи победи во Монца имаат уште Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо.
Во генералниот пласман води Хамилтон со 250 бодови, пред Розберг со 248, Рикардо има 161, Фетел 143, Раиконен 136,…
Кај конструкторите во водство е Мерцедес со 498 бодови, пред Ред Бул со 290 и Ферари со 279.