Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Италија.
Хамилтон на денешните квалификации имаше најдобро време 1:21.135 минута. Втор резултат имаше неговиот клупски колега Нико Розберг, кој заостана околу половина секунда.
Хамилтон се избори за својата 56-та пол позиција во кариерата, а по петти пат ќе стартува од првата позиција во Монца, со што се изедначи со Хуан Мануел Фанџо и Аиртон Сена.
Зад двата болида на Мерцедес, беа двата болида на Ферари со Себастијан Фетел и Кими Раиконен, додека во третиот ред се најдоа Валтери Ботас и Даиел Рикардо.
Трката за Големата награда на Италија се вози утре со почеток во 14 часот.