Рекорден број новинари убиени од почетокот на годината

Од:

Меѓународниот инстут за печат соопшти за рекорден број новинари, 119, убиени за време на извршување на нивните работни задачи од почетокот на оваа година.

Ова е најголемиот број на жртви во професијата, регистрирани од 1997 година, откако Институтот систематски собира вакви податоци.

Минатата година при извршување на работните задачи загинаа 102 новинари.

Сирија е најопасната држава, со 36 регистрирани смртни случаи. Шестнаесет новинари загинале во напади во Сомалија.

– Правосудните органи досега не побарале одговорност за нападите, а со тоа продолжува да се култивира праксата на неказнување, што може да биде поттик за нови напади, нагласува Институтот.

Меѓу поризичните држави институтот го наведува Мексико, Пакистан и Филипините.

Би можело да ве интересира

ССНМ и „Еднаква“: Новинарките сепак известуваат, не можете да ги замолчите

Горан Наумовски

Рекорден број на убиени новинари во 2025 година, Израел е одговорен за две третини од убиствата

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

Пентагон воведува строги ограничувања за новинарите