Четири лица загинаа, а 16 се повредени во денешната експлозија во североисточниот дел на Багдад.
Има различни верзии за причината за експлозијата што се случи во магацин за оружје на шиитската паравоена организација Хашд ал Шаби.
Неименуван претставник на ирачкото Министерство за внатрешни работи изјави дека се уште е непознато дали магацинот бил нападнат или пак случајно е предизвикано пожар во објектот.