Возач на камион е убиен,, а сопатникот ранет во југоисточна Турција во бомбашки напад, во округот Хакќари. Нападот го извршила Курдската работничка партија (ПКК), пишува „Хуриет дејли њуз”.
Нападот се случил сношти околу 19 часот на патот Хакќари-Чукурџа во моментот додека камионот случајно минувал. Возилото превезувало товар кон воена база што се наоѓа во таа област.
Потрагата по сторителите е во тек.