ФОТО: 570 деца од Центар станаа првачиња во 7-те основни општински училишта

Од:

Денеска е првиот училишен ден за 570 деца од Центар кои станаа првачиња во 7-те основни општински училишта.
1

Посакувајќи им успешна прва училишна година, градоначалникот Андреј Жерновски рече дека влегуваат во период кој ќе го паметат цел живот.

“Општина Центар и оваа година го продолжува проектот со кој на родителите им помага во растеретување на домашниот буџет. Наместо тие, општината ќе ги плати средствата за обезбедувањето, за хигиенски средства и за еднодневна екскурзија. Со ова полесно и заедно ќе ги пребродиме овие времиња”, рече Жерновски.
3

На првачињата им подели и училишен прибор-подарок од општината.
4

Пред почетокот на учебната година, изведени се поголем број на активности- сменети се прозорите во СОУ “Димитар Миладинов”, реконструирани се кровот и аулата во ООУ “Јохан Хајнрих Песталоци”, оградата во “Коле Неделковски”, влезот и плочките во “Кирил и Методи”. Направена е комплетна санација на оштетувањата од поплавата во ООУ ” Кочо Рацин”, а следува и санирање на канализационата мрежа во ООУ” 11 Октомври”.
2a

Посебно радува податокот што бројот на првачиња во Центар во споредба со бројот од пред три години е зголемен за 75 деца.
6

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Фон дер Лајен: Секое украинско дете мора да биде вратено

Горан Наумовски

ОН: Од 136.000 деца во Газа на возраст меѓу шест месеци и пет години, 12.000 се неухранети

18.500 палестински деца кои се убиени во Појасот Газа