ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави лидерот Никола Груевски ги прифати сите предлози на СДСМ, само, како што рече, СДСМ да нема алиби и да излезе на избори.
„Се покажа дека СДСМ не сака решение во МТВ туку сака нивно партсиско решение. Ја предложија Санта Аргирова, која беше шеф на кабинет на поранешниот министер за ндворешни работи Илинка Митрева. За да не им дадеме можност повторно да избегаат од избори, ние го прифаќаме ова решение. Ја прифативме и методологија на набљудување на медиумите“, рече Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ рече дека останува на членовите да одлучат сами за петтиот член на ад-хок телото. Отстапките рече, се прават за на 11. декември да има избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека сега чекаат да се договорат СДСМ и да дојдат за да потпишат се што ќе се понуди.