Израел соопшти за 12 ракети истрелани од Газа веднаш по примирјето

Од:

 За само еден час, по прогласувањето на примирјето меѓу Израел и исламистичката група Хамас, од Појасот Газа врз Израел синоќа биле истрелани 12 ракети.

Според портпаролот на израелската полиција, ракетите паднале во ненаселени реони и не предизвикале жртви и штети. Армијата соопшти дека противракетната одбрана на Израел пресретнала неколку од истреланите ракети.

Очевидци раскажаа дека веднаш по стапувањето во сила на спогодбата за прекин на огнот во Газа имало една експлозија. Нема настрадани луѓе и не е позната причината за експлозијата.

Заради прогласеното примирје Советот за безбедност на ОН ја откажа за вчера попладне закажаната расправа за кризата во Газа. Место тоа, Советот на затворена седница преку видоконференциска врска го ислуша извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун за кризата во Газа, по неговите средби со блискоисточните лидери, соопштија американските медиуми.

Советот за безбедност ги повика Израел и Хамас да го почитуваат примирјето и ги пофали напорите на египетскиот претседател Мохамед Морси за неговото склучување.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Хамас ги повика поддржувачите ширум светот со оружје да се борат против планот на Трамп за Газа

Во Газа пронајдени 14 тела на хуманитарци

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут