На 30 август 2016, во Чаојанг центарот, на големата сцена на Театарот Девет, како завршна церемонија на Интернационалниот фестивал за современ танц “The New International Beijing Contemporary Dance Festival”, ќе се одржи праизведба на претставата “Р.Е.М.“ (“R.E.M. – A Dream Sequence“) на кореографката Рисима Рисимкин.
Претставата ја истражува “РЕМ фазата на сонот, т.е. фазата во која сонуваме и нејзината физичката страна, како дел од потсвеста и нејзиното отелотворување. Патување низ еден интимен, имагинативен свет, кој не знаеме зошто и како се движи.
Музиката за претставата ја подготви Љубојна, а костимите се на Благој Мицевски, додека дизајнот на светло, кореографија и режија се на Рисима Рисимкин.
Фестивалот The New International Beijing Contemporary Dance Festival, предводен од уметничкиот директор Џао Си (Zhao XI) е во моментов најактуелниот фестивал за современ танц во Кина, кој ги следи светските тенденции во современиот танц и кој на кинеската публика и пласира компании со исклучително висок квалитет во уметничките достигнувања.
Премиерата на Рисимкин предизвика големо внимание помеѓу уметничката елита на Пекинг, па така, на премиерата свое присуство најавија уметничките директори на Националниот балет на Кина, Beijing Dance Theater, Националниот театар од Пекинг, Националната опера и драма денс театар, директорката на најголемата агенција за култура на Кина, China Arts and Entertenment Agency како и повеќе големи продуцентски куќи.