А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лозарите се најнапатените од владеењето на СДСМ

by А1он27/08/2016 - 18:0427/08/2016 - 18:04229
Share0

Навистина е жално да се гледа како преку прес-конференции СДСМ сака да ја замајува јавноста за состојбите во лозарството, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по прес конференцијата на Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарци.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Жално е бидејќи лозарите се најнапатените од владеењето на СДСМ со Македонија. Сите лозари паметат дека СДСМ им ги подари винариите на своите олигарси. Сите лозари паметат и дека во времето кога СДСМ владееше со Македонија, мастика за џвакање вредеше повеќе отколку 1 килограм грозје. Субвенции? Едноставно немаше.

За разлика од времето на СДСМ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ е земјоделска. ВМРО-ДПМНЕ ја разбира маката на земјоделецот. Денес ги помагаме лозарите кога подигнуваат нови лозови насади, а и кога набавуваат нова земјоделска механизација.

Се овозможи и решавање на огромен проблем што лозарите го имаа со насадите на земјиште на кое немаа регулиран закуп, а се субвенционираат и постоечките лозови насади.

Следете a1on на Youtube YouTube

Денес лозарите се во директни разговори и со Владата и со откупувачите, додека во времето на владеењето на СДСМ маките на лозарите немаше кој да ги слушне, па ги сметавте за граѓани од трет ред.

Затоа на лозарите им е доста од ароганцијата на СДСМ и деструктивните политики на Заев кој се збогати со субвенциите од оваа Влада и криминалите во Општина Струмица“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

lozarireakcijavmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 19:2006/08/2026 - 19:21

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски04/08/2026 - 12:2704/08/2026 - 13:51

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

Горан Наумовски31/07/2026 - 09:14

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски28/07/2026 - 09:1028/07/2026 - 10:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео