Ѓорѓиев: Лозарите повторно се изманипулирани, повеќе не можат да ги издржат ВМРО-ДПМНЕ

Од:

После секоја помината реколта лозарите повторно се со наведнати глави, празни џебови, неисплатени трошоци. Скапото производство, бадијала вложениот труд, назадоволството од неисплатеното на и онака ниската цена на грозјето и оваа година не изостана, рече Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарци.

„Како и минатата година, и оваа грозјето ќе биде по иста цена, односно кратошија за 13 денари, а смедеревка за 11 денари. Лозарите се разочарани. 10 години се соочуваат со иста цена на грозјето, а трошоците секоја година им се се поголеми и тие достигнаа 100 процентно зголемување.

Криминалната влада во заминување оваа година им вети на лозарите дека предаденото грозје ќе го исплатат најмногу за три месеца.

Повторно лозарите се изманипулирани, а веќе е почната новата реколта. Голем дел од винарските визби не прават договори за тековната сезона, и огромен дел на грозје остранува без решен проблем.

Лозарите повеќе не можат да ги издржат ВМРО-ДПМНЕ. Оваа криминална власт троши милиони евра на Панорамско тркало во Скопје, а со тие пари ќе го решеше проблемот на лозарите.

Се организира Тиквешкиот гроздобер, кога има ниски цени на откуп на грозјето, нема обезбеден пласман за откуп и има најсиромашни земјоделци односно лозари во Македонија!

По демократските промени, новата влада предводена од СДСМ ќе се грижи за земјоделците и ќе обезбеди поефтино производство и гарантиран пласман на земјоделските прозиводи.

Преку мерките за поефтини репроматеријали, воведувањето на зелената нафта и други слични мерки значително ќе се намали производната цена а земјоделските производи ќе бидат конкурентни како на домашниот така и на странските пазари“, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата