Пред почетокот на новата сезона во ракометната Лига на шампионите сите екипи веќе го имаат ростерот на играчи со кој ќе атакуваат на титулата. Многу играчи ги сменија клубовите, а некои трансфери се навистина забележителни и вредни. Со нив клубовите се надеваат на подобри резултати.
Во прегледот на ЕХФ во однос на најдобрите 10 трансфери летово се најдоа и двајца ракометари на Вардар. Шпанецот Жоан Кањељас кој дојде од Кил, и трансферот на Иван Чупиќ од европскиот првак Кјелце се најдоа меѓу најзвучните промени пред новата сезона. Кањељас е на високото трето место, а Чупиќ на деветтото место.
На прво место се крилото Уве Генсхајмер кој од Рајн Некар замина за ПСЖ, а на второто е Деан Бобач од Пик Сегед во Кјелце.
1. Уве Генсхајмер ( Рајн Некар – ПСЖ)
2. Деан Бомбач ( Пик Сегед – Кјелце)
3. Жоан Кањељас (Кил – Вардар)
4. Драган Гајиќ ( Монпелје – Веспрем)
5. Гудјон Валур Сигурдсон ( Барселона – Рајн Некар)
6. Андреас Волф ( Вецлар – Кил)
7. Лука Степанчиќ (ППД Загреб – ПСЖ)
8. Филип Ивиќ (ППД Загреб – Киелце)
9. Иван Чупиќ ( Кјелце – Вардар)
10. Лукас Нилсон (Истад – Кил).