Eвропскиот фудбалски шампион Челзи, до крајот на оваа сезона ќе го води шпанскиот стратег Рафаел Бенитез.
„Беше тоа понуда којашто не можев да ја одбијам. Во последното време барав клуб со кој можам да постигнам вистински резултат, а Челзи е сигурно во таа група”, изјави шпанскиот фудбалски стручњак.
Бенитез така стана деветтиот менаџер на Челзи откако Абрамович во 2003 година го купи клубот од „Самфорд бриџ”, иако навивачите на лондонските „сини” покажува голем анимозитет кон Шпанецот.
Рафа Бенитез се прослави како тренер на Валенсија кога со овој клуб освоите две титули во Шпанија, и купот на УЕФА. Од 2004 до 2010 година го водеше англискиот премиерлигаш Ливерпул со кој во 2005 година ја освои Лигата на шампионите, а подоцна шест месеци го водеше италијанскиот калчолигаш Интер.
„Двете признанија на УЕФА тренер на годината, се доволна препорака”,м се нагласува во соопштението на Челзи.