СДСМ: Модерни автопатишта ќе изгради новата Влада, доцна е за Груевски

Од:

Граѓанинот Никола Груевски нема што да бара на автопатишта, ниту да се дообјаснува. Новата одговорна Влада што ќе ја изберат граѓаните ќе го доврши автопатот Демир Капија – Смоквица и посветено и професионално ќе се посвети на сите проблеми што ги напласти актуелната несериозна власт, велат од СДСМ.

„10 години Груевски седеше во премиерската фотеља и успеја да изгради само 7 километри автопат! 4 години досега се гради Демир Капија – Смоквица, за којшто граѓаните денеска слушнаа дека ни овој септември нема да бил готов. И тоа токму од најдиректниот виновник за нерешените елементарни потреби на луѓето, Груевски, под чијашто власт се случија и контроверзиите со исплати во кеш токму за изградбата на овој автопат, којшто одзеде изминатите години и многу човечки животи.

Модерна современа инфраструктура е еден од главните приоритети во Програмата на СДСМ со што ќе ги заштитиме животите на граѓаните по патиштата и ќе обезбедиме развој на Македонија“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер

ВИДЕО: Тендерската мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски, тврди СДСМ

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија