Пишман Влада-повлечен Законот за владини реклами

Од:

Владата се премисли и го повлече Законот за медумски реклами.Тоа било одлучено на денешната седница. Во известувањето до пратениците, потпишано од вице премиерот Никола Тодоров нема објаснување за причините.

Предлог законот за владини реклами реклами требаше да се најде на денешната собраниска седница, но бидејќи немаше овластен предлагач, точката не се разгледуваше.

Јавноста и дел од медиумите жестоко реагираа и се спротивставија на носење на ваков закон бидејќи тоа ќе значи корумпирање на медиумите блиски до власта.

Пред три дена на седница на комисија министерката за информатичко општество Марта Томовска Арсовска рече дека законот е правен по европски терк.

Опозицијата најави дека носењето на законот ќе го спречи со поднесување на 500 амандмни.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски