СДСМ: „Скопје 2014“ е и ќе остане најголемата пералница на пари

Од:

Граѓаните добро го знаат ставот на СДСМ за расипничкиот проект „Скопје 2014“. За нас “Скопје 2014“ е’ и ќе остане најголемата пералница на пари, за која после смената на власта ќе направиме целосна ревизија. Факт е дека на големиот митинг на Сојузот за иднината присуствуваа над 70.000 илјади граѓани и ништо не им се случи на спомениците, реагираат од СДСМ на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

– Јасно е кои се официјалните ставови и политики на СДСМ и дека тие ги носат исклучиво партиските органи. Советите на партијата се форма во која може да членуваат и лица кои не се членови на СДСМ, да дебатираат и да изнесуваат свои мислења и ставови, но тоа не се официјални партиски политики и ставови. Поради тоа што нема демократски капацитет ВМРО-ДПМНЕ не може да го разбере тоа. Денеска не чувме одговор од ВМРО-ДПМНЕ зошто не ги исклучила од партијата: нивниот претседателски кандидат Тодор Петров, заради неговите анти ЕУ и анти НАТО ставови, Ален Зекиров кој усмрти пешак и поранешниот градоначалник на Карпош Саша Димиќ кој си даде оставка од директорската функција затоа што беше обвинет дека претепал жена која била вработена во ЈСП „Турс“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа