Музалас: Азил во Грција бараат 41.000 бегалци и мигранти

Од:

Најмалку 41.000 бегалци и мигранти, од кои најголемиот број Сиријци квалификувани за прераспределба во Европската унија, бараат азил во Грција, изјави денеска грчкиот министер за миграција Јанис Музалас.

Тој наведе дека грчките служби и Обединети нации регистрирале 54.000 бегалци и мигранти на грчка територија од јуни до крајот на јули годинава. Од нив 41.000 лица, кои пристигнале на копнениот дел од Грција, пројавиле интерес за добивање на азил или предале официјално барање, додека 2.000 луѓе се согласиле да се вратат во татковината.

Во исто време, на грчките острови од Турција пристигнале 11.000 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски