(ВИДЕО) Орцев: Бараме надзорна расправа за хаосот со поплавите, одговорност мора да има

Од:

Денес, пратениците од СДСМ упатија барање за Надзорна расправа до Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во врска со Примената на законските и подзаконските прописи во областана заштита од поплави и хидрометеоролошките работи, рече пратеникот и претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Панче Орцев.

„17 дена после поплавата од 6 август, ниту една институција не презема одговорност за страшните последици. Ниту еден орган, ниту еден функционер, ниту еден политичар од власта не ги извести граѓаните кои се причните за настанувањето на поплавата и зошто не беа спречени огромните штети по животитe и имотот на населението.

Но, граѓаните многу добро знаат дека институциите се најодговорни за ужасот од поплавата. Знаат дека одговорностите лежат во Владата на Република Македонија, Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, Транспорт и врски, Внатрешни работи, Животна средина и просторно планирање, но и во јавниот медиумски сервис.

Овие институции работеле спротивно на законите во областа на хидрометеорологија и заштита од поплави и со тоа донесоа хаос во животите на населението. Одговорност за последиците од поплавата мора да има.

Затоа, Собранието на Република Македонија треба во најбрз можен рок да организира Надзорна расправа на која пратениците ќе ги утврдуваат пропустите кои институциите и органите на власта ги направиле во делот на заштита од поплави и со тоа предизвикале огромни штети врз населението.

Ги повикувам членовите на Комисијата, а особено мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ да го прифатат барањето за одржување Надзорна расправа за пропустите и одговорностите при справувањето со поплавите и со тоа да застанат во одбрана на граѓаните и законите“, рече Орцев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски