И во Струга се е подготвено за прослава на 100 години од независноста на Албанија и одбележувањето на денот на албанското знаме.Пред зградата на општината попладнево беше поставен билборд со знамето на Албанија, a билборди се поставени и на други локации низ градот.Прославата која ќе трае неколку дена ќе започне утре.
Ке се одржи свечена академија посветена на историските личности, концерти, театарски претстави, изложби, спортски натпревари, традиционална трка – крос и поклонување пред бистите на познати личности од албанската историја Ибраим Темо, Дервиш Хима, доктор Муртеза Струга и Зуди Охри.
Ќе биде прикажан документарниот филм посветен на независноста на Албанија што го подготвија учениците од гимназијата Ибраим Темо Во рамките на свеченостите ќе биде откриена и спомен-плоча на Муртеза Струга. Свечености ќе се одржат и во селата Радолишта, Велешта, Лабуништа, Делогожда Прославата е потпомогната и од општина Струга.