Се зголемува редот за распит кај обвинителите на Катица Јанева.Специјалното јавно обвинителство го зголемува интензитетот на истрагите, како што најави обвинителката Катица Јанева.
Денеска на распит ќе се појават лидерот на ДПА, Мендух Тачи, Силвана Бонева, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Државната изборна комисија и претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.
Партијата на Ибраимовски потврди дека е повикан како сведок. Според нивни сознанија се работиза изборни измами и дискриминација по етничка припадност, што произлегуваат од прислушуваните разговори кои се предмет на истрагата.
Ибраимовски ќе сведочи и за изборите во Шуто Оризари во 2011 година, каде што според бомбите од опозицијата власта му подготвувала местенка.
Сепак нема официјални податоци во какво својство и за кои предмети се повикани овие функционери во СЈО.