Јусеин Болт го зеде златото на 200 метри, трето на три последователни учества на Олимписките игри што никому не му пошло од рака.
Болт е освојувачот на златниот медал во трката на 200 метри во Рио де Жанеиро со време од 19.79 секунди. Втор заврши Канаѓанецот Де Грасе со 20.02, а трет Кристоф Леметер со 20.12.
Мократа патека направи трката да биде нешто поспора од очекуваното.
Ова е осмиот златен медал за Јамајканецот, втор во Рио. Само Карл Луис и Паво Нурми имаат повеќе злата – девет. Ова е третото последователно злато за Болт на Олимписките игри во трката на 200 метри по што е единствен во историјата. Тоа никому досега не му успеало.
Во полуфиналето делуваше дека е способен да го оствари најдобриот резултат некогаш, но влажните услови имаа огромно влијание па ќе мора да се задоволи „само“ со златото.
На крајот од трката тој се фотографираше со навивачите, но беше видно малото незадоволство што не го нападна рекордот малку посериозно. Тоа му беше главната цел во оваа трка.