Македонската спортска сцена пред неколку дена се собра на едно место, но овојпат на еден поинаков меч. Магазинот “Портрет” заедно со македонските спортски ѕвезди организираа хуманитарна аукција на спортски дресови, со цел да се помогне на дел од семејствата кои беа најзагрозени во поплавите во скопско.
Собраните средства експресно се најдоа во рацете на оние на кои им се најпотребни.
„Сеуште сме под импресии, тешко е да се говори за нешто што е со голем успех кој за момент ќе донесе насмевка кај оние кои животот им се сменил во секунда. Само потврдивме дека заедно можеме повеќе. Несебичноста од страна на македонските спортски ѕвезди и на нивните најверни фанови достигна сума која ќе помогне во новите почетоци на смејствата кои беа погодени од поплавата. Не се сомневав во хуманоста на луѓето“, изјави Ружица Антиќ – главен и одговорен уредник на магазинот “Портрет”
Одличната атмосфера во Јавна соба, проследена со музиката на Ненад Стефановски даде уште поголем стимул на овој спортски “терен”.
На аукција беа ставени повеќе од 40 дресови од македонските ракометари, кошаркари, фудбалери. Им благодариме на: Перо Антиќ, Кире Лазаров, Дејан Манасков, Борко Ристовски, Филип Талески, Јован Костовски, Владо Илиевски, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Војдан Стојановски, Столе Стоилов, Наумче Мојсовски, Пепи Манасков, Горан Пандев, Александар Васовски, Влатко Гроздановски, Бобан Грнчаров, Дарко Панчев, Филип Миркуловски, Алекс Душебаев, Александар Деревен, Жоан Кањелас, Хорхе Македа и Тимур Дибиров.