СДСМ: Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ не прифатија седница за помош на загрозените граѓани

Од:

Забеганоста на градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, ескалираше на денешната седница на Советот на Општина Карпош, свикана по иницијатива на советничката група на СДСМ и опозицијата.

На предлог на Градоначалникот Јакимовски, иницијативата на советниците од СДСМ и опозицијата за итна седница и мерки за помош на загрозените граѓани од поплавените подрачја не беше прифатена, со образложение дека тоа што се случува не е безбедносно прашање.

Дополнително, беа офрлени предлозите на опозицијата за донесување одлука за доделување финансиска помош од Буџетот на Општината во износ од 1,5 милиони денари.

Јакимовски и мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ го отфрлија и предлогот на граѓаните да се пренаменат средствата за непродуктивните трошоци со кои дополнително се уништува зеленилото во Општината, како што е примерот со зеленилото во Карпош 4.

Единствена причина за она што се случуваше е фактот што иницијативата ја покренаа советниците од опозицијата, а тоа може да го наруши имиџот на градоначаникот и советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ, кои сакаат да се престават во јавноста како спасители и да добијат политички поени од несреќата на луѓето.

Ниту градоначалникот ниту советниците на Општината Карпош од ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ, немаат доблест да прифатат било каков конструктивен предлог кој е во интерес на граѓаните.

Претседателот на Советот, грубо ги прекрши статутарните и деловнички одредби кои се однесуваат на закажување на вонредна седница.

Наместо да гласаат за оправданоста на причините за свикување на седницата БЕЗ ПРЕТРЕС, се вклучија во докажување кој колку донирал, што направил градоначалникот, особено изразувајќи благодарност за неговото залагање.

Градоначалникот најави нова седница на која ке ги дадат истите предлози, делумно изменети само за да покажат дека тоа е нивна иницијатива.

Ова е срам за сите граѓани на Општина Карпош, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски